Здравство

Хроничното неспиење причина за кардиоваскуларни и психички болести

31.05.2026 13:28

Не постои ментално здравје без добар сон. Истражувањата покажуваат дека токму квалитетот на сонот во околу 30 проценти е поврзан на кардиоваскуларните и психички заболувања. Во Македонија на тема ментално здравје се зборува се поинтензивно, во Германија пак несоницата и нарушувањата на спиењето одамна се третираат како сериозни здравствени состојби.

Не постои ментално здравје без добар сон. Квалитетот на сонот во 30 проценти е одговорен за појава на кардиоваскуларни заболувања, како и психички заболувања, децидна е професорката Кнегиња Рихтер Сколовска, која две и пол децении лекува пациенти во Германија.

Во Македонија за менталното здравје гласно се зборува неколку години на назад, во Германија одамна се лекува и неспиењето.

За да не чекаат два до три месеци Германците, оние што можат да си дозволат се префрлаат на приватно здравствено осигурување. Останатите си чекаат ред.

Професорката Рихтер Сколовска е дел од здружението на македонски лекари коишто работат во Германија. Во Нирнберг и околината има околу 100 лекари од кај нас. Вели, пред неколку децении биле малку, последните години бројката пораснала. Ги има од сите специјализации, но најмногу се од интерна медицина.

Наташа Јанчиќ – Менковски