Европската комисија- цел на напад на екстремисти

21.09.2014 19:10

Екстремисти планирале напад врз Европската Комисија во Брисел. Белгиските безбедносни служби ги уапсиле на аеродромот во Завентем. Потврдија дека се работи за маж и жена, Холанѓани од турско потекло, неодамна вратени од Сирија.

„По неколку операции беа издадени налози за апсење, неколку од нив се се уште отворени. Ги продолжуваме напорите за безбедноста на Белгија по ова прашање“, вели Жан Паскал Торо, федерален судија.

Во станот на уапсените било најдено оружје и панцири. Локалните медиуми пишуваат дека до сега биле спречени неколку планирани напади врз цели во Брисел.