Полска му ја одзема круната на одбојкарскиот владетел!
По 40 години Полска е шампион, по 12 заврши мундијалската доминацијата на Бразил. 3:1 за Полска во финалето на 18-то Светско првенство. Искористувајќи ја предноста на домашниот терен, енергијата од 12-те илјади гледачи во Катовице и несомнениот квалитет на високо ниво, Полјаците не им дозволија на „кариоките“ да го освојат рекордното четврто злато по ред.

Без разлика што почна преимресионирани од големиот противниок, од важноста на мечот и од прекрасната атмосфера и што го загубија првиот сет лесно со 25:18, домаќините одговорија на извонреден начин. Проработи Мика, во игра влез техничарот – ветеран 37-годишниниот Загумни и Полска ги освои трите златни сета, 25:22, 25:23 и 25:22, за ефект од 12 победи и само еден пораз од САД и за втор триумф на овој шампионат против Бразил. 5:4 за Полска во пресметките со Бразил на мундијалите, реванш за поразот во финалето пред одум години.
Примачот Мика беше најефикасен со 21 поен, кај Бразилците Валас и Лукарели собраа по 17. Бразил направи 26 или четири грешки повеќе, Полска оствари 5 аса, Бразил само еден, тоа се главните разлики во речиси израмнетата статистика. Полскиот коректор Влазли е број еден на својата позиција и најкорисен играч на Светското првенство. Со него во најдобриот тим се и германскиот техничар Камп, чијашто репрезентација со победата од 3:0 против Франција ја освои бронзата, потоа бразилските примачи Лукарели и Мурило, средните блокери Беме од Германија и Клос од Полска и француското либеро Гребеников.
За четири години домаќин на 19-от мундијал ќе биде Русија, в среда во Италија ќе стартува женскиот одбојкарски Светски шампионат со преноси на Македонската телевизија.