Мјанмар: Десетици жртви по експлозија во зграда
Областа на експлозијата се наоѓа околу три километри јужно од кинеската граница, е под контрола на Националноослободителната армија Та’анг, етничка вооружена група која се вклучи во спорадични борби против централната влада на Мјанмар...

Во експлозија во зграда во североисточен Мјанмар, за која се вели дека складирала експлозиви што се користат за рударски операции, загинаа повеќе од 45 лица, околу 70 други лица се повредени. Областа на експлозијата се наоѓа околу три километри јужно од кинеската граница, е под контрола на Националноослободителната армија Та’анг, етничка вооружена група која се вклучи во спорадични борби против централната влада на Мјанмар.
Кинеската државна телевизија објави дека експлозијата предизвикала повеќе смртни случаи и повреди, а многу станбени куќи се сериозно оштетени, но не даде бројки.
