УКРАИНА

Зеленски предупредува за нов напад

01.06.2026 15:08

Оштетени се станбени згради во различни делови од градот, како и инфраструктура...

Војната во Украина продолжува. Најмалку пет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз Одеса. Оштетени се станбени згради во различни делови од градот, како и инфраструктура. Во текот на ноќта, напад беше извршен и во Харков, во кој беше повредена една жена. Зеленски одново истакна дека Русија подготвува голем напад и потенцираше дека е подготвен да се сретне со Путин.

„Мислиме дека ќе имаме голем напад од руска страна со беспилотни летала, крстосувачки ракети и балистички оружја. Патем, ја гледаме подготовката. Благодарни сме на Соединетите Американски Држави и европските партнери кога споделуваат разузнавачки информации со нас“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Генералниот директор на МААЕ, повика на прекин на нападите врз нуклеарните постројки за да се спречи ризикот од нуклеарна несреќа. Предупредувањето следува откако беше пријавен напад со дрон врз нуклеарната централа Запорожје.