САД нападнаа воени цели во Иран
Во соопштението, на Централната команда се вели дека на удар биле радарски и командни и контролни места за дронови. Во Кувајт се огласија сирени за можен напад. Новите дејствија следуваат во екот на дебатата за крај на војната...

САД велат дека нападнале ирански воени цели во последните денови откако беспилотно летало беше соборено во меѓународни води. Во соопштението, на Централната команда се вели дека на удар биле радарски и командни и контролни места за дронови. Во Кувајт се огласија сирени за можен напад. Новите дејствија следуваат во екот на дебатата за крај на војната. Иранскиот министер за надворешни работи, изјави дека разговорите и размената на пораки меѓу Иран и САД се во тек.
„Разговорите и размената на пораки се во тек и сè додека не биде постигнат јасен исход, не е можно да се оценуваат. Се што е кажано во оваа фаза, шпекулациите и претпоставките што циркулираат, според мене, треба да се игнорираат сè додека работите не станат дефинитивни“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
Изјавата следува еден ден откако американската војска запре трговски брод кој се обидуваше да ја пробие блокадата на иранските пристаништа. Настаните во Ормускиот теснец, клучен воден пат помеѓу Иран и Оман, ја потресоа глобалната економија. Пратките на значителни количини нафта, природен гас и сродни резерви како ѓубриво се во голема мера блокирани, зголемувајќи го притисокот врз потрошувачите и производителите на храна.
