Франција

Француската морнарица, пресретна танкер за нафта под меѓународни санкции

01.06.2026 12:04

Претседателот Макрон вели дека е неприфатливо бродови да ги заобиколуваат санкциите, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години.

Француската морнарица, пресретна танкер за нафта под меѓународни санкции кој патувал од Русија. Претседателот Макрон вели дека е неприфатливо бродови да ги заобиколуваат санкциите, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години.

Танкерот „Тагор“ бил пресретнат во меѓународни води во Атлантскиот Океан во операција реализирана со поддршка на повеќе сојузнички држави, меѓу кои и Обединетото Кралство.

Се верува дека Русија има стотици бродови од т.н флота во сенка. Друг танкер, „Гринч“, пресретнат во Средоземно Море во јануари, беше ослободен во февруари откако плати казна од повеќе милиони евра.