Расте цената на житото на светските берзи, во Македонија поевтинува

22.09.2014 10:06

Берзанската цена на житото расте. Светскиот тренд континуирано бележи пораст, а кај нас, македонската пченица во август била поевтина од јули...

На светските берзите цената на житото е во пораст. Од почетокот на жетвата, во Нови Сад пченицата се движеше од 8,8 до 9,4 денари за килограм. Овој максимум го достигна минатата недела и е зголемување за 6,4 проценти. 

Во Македонија, во август, просечната откупна цена на меркантилната пченица изнесуваше 10,5 денари за килограм што е поевтинување  за 2,8 проценти во однос на јули кога  се продаваше за скоро 11 денари.

Цената на пченката во Србија од ланскиот род и натаму се продава по 8,2 денари за килограм што е пораст повеќе од 3 проценти од претходниот период.

 

Методија Трајков