Меѓународен ден на детето

Гласот на децата против насилството

01.06.2026 13:24

По повод Меѓународниот ден на детето, ученици од Скопје се собраа во паркот „Жена борец“ и порачаа дека безбедното и среќното детство не треба да се привилегија, туку право на секое дете.

Додека возрасните зборуваат за политики и стратегии, децата имаат многу поедноставна порака – сакаат да растат без страв, насилство и несигурност. По повод Меѓународниот ден на детето, ученици од Скопје се собраа во паркот „Жена борец“ и порачаа дека безбедното и среќното детство не треба да се привилегија, туку право на секое дете.

Нивната порака беше јасна – заштитата од насилство и грижата за детската благосостојба мора да бидат врвен општествен приоритет.

Известува Ана Јосифоска