Мајчино ментално здравје, препознавање и поддршка
Експертите предупредуваат дека на многу жени им недостигаат едукација за здрава бременост, советување и психолошка поддршка, особено на локално ниво...

Мајчинството не започнува со раѓањето, туку со поддршката што жената ја добива за време на бременоста и во првите години од родителството. Експертите предупредуваат дека на многу жени им недостигаат едукација за здрава бременост, советување и психолошка поддршка, особено на локално ниво. Иако системот препознава дека ваквите услуги се потребни, тие сè уште не се подеднакво достапни за сите. празнината се обидуваат да ја пополнат граѓанските организации со едукации и теренска поддршка, но пораката е јасна – потребно е системско решение, а не повремена помош …
Наташа Јанчиќ-Менковски известува.
