Собрание

Во Собранието испратени пораки за унапредување на толеранцијата и мирот

01.06.2026 17:03

Мирот не се подразбира, а толеранцијата не се гради сама од себе. Во време на глобални кризи и конфликти, во Собранието се испрати порака дека токму овие вредности треба да бидат вградени во политиките за иднината. Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир обедини претставници од повеќе земји околу една порака – дијалогот е најсилната алатка против поделбите...

Во време на говор на омраза останува да се фокусираме на толеранцијата, мирот и соживотот- истакна спикерот на македонското собрание Африм Гаши во обраќањето на пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир. Сите имаме одговорност кон младите генерации да имаат повеќе дијалог. Светот денес има недостаток од мудрост и доверба и тука лежи историската улога на парламентот истакна Гаши.

Мораме да работиме заедно и искрено за мир и за намалување на тензијата и ескалациите во целиот свет особено во Блискиот Исток. Местата каде што однеодамна се зголеми нестабилноста, влијаат на глобалната стабилност во светот рекоа говорниците на меѓународниот парламент.

Регионот на југоисточна Европа може да испрати многу важна порака на светот дека мирот е возможен, дека помирувањето е возможно, а толеранцијата може да ја надмине поделбата.

 

Миле А. Ристески