НБРМ

НБРМ ги повика банките да се откажат од најавеното покачување на надоместоците на платниот промет

01.06.2026 16:11

Гувернерот, Трајко Славески ја повика и Комисијата за заштита од конкуренција одблизу да го следи ваквото однесување на деловните банки кои според него укажува на координирано дејствување на штета на клиентите...

Народна банка на Македонија ги повика деловните банки во најкус можен рок да се откажат од речиси двоцифреното покачување на надоместоците на платниот промет за граѓаните и бизнис-заедницата. Гувернерот, Трајко Славески ја повика и Комисијата за заштита од конкуренција одблизу да го следи ваквото однесување на деловните банки кои според него укажува на координирано дејствување на штета на клиентите.

Славески ја посочи потребата од неопходни законски измени во регулативата кои ја третираат оваа област. Вели, Министерството за финансии во соработка со Народна банка по примерот на многу земји од Европа и светот треба да подготви законски текст со кој ќе се регулира висината на провизиите кои ги наплаќаат банките.

Минатата година Народна банка во разговори со деловните банки успеа да договори да се намалат провизиите кои финансиските субјекти ги наплаќаа од граѓаните и стопанството.

 

Игор Панов