Временска прогноза

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

02.06.2026 08:14

Наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).

Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.