По напливот на бегалци, Турција ги затвара граничните премини со Сирија
Турција почна да затвора дел од граничните премини со Сирија откако над 70 илјади курдски бегалци влегоа во земјата од петокот. Повеќето се дел од градот Кобане, во опасност да бидат масакрирани во налетот на ИДИЛ. Бегалците се сместени во преполни училишта, Анкара се бори да се справи со приливот.
„Не можам да разберам зошто на светот не му е грижа што им се случува на овие луѓе“, вели Шакир Тургул, жител на Суруч.
Од почетокот на сириската граѓанска војна, Турција прими околу 850 илјади бегалци.