МВР
Претрес во Пробиштип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
02.06.2026 13:55
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријаваа.

Вчера во 21:20 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј.(37) од Пробиштип затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува во Пробиштип, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
