Политика

Мицкоски најави разговори за реконструкција на Владата во втората половина од јуни

02.06.2026 17:09

Премиерот Христијан Мицкоски во втората половина од јуни ќе седне на маса со коалициските партнери за да разговара за реконструкција на Владата. Засега не открива кои министри би можеле да бидат заменети.

Во втората половина од јуни шефот на Владата седнува на маса со коалициските партнери да разговара за реконструкција на неговиот кабинет.

За сега во политичките кулоари само се споменуваат имиња на министри кои би биле сменети, но премиерот за сега останува без детали кои министри би биле заменети со нови.

Тој посочи дека во моментов вниманието е насочено кон внатрешните реорганизации и преструктурирања во ВМРО-ДПМНЕ.

Едно од прашањата е и кој ќе седне на вицепремиерското место на Арбен Фетаи, кој беше задолжен за добро владеење.

Тој пред околу два месеци му соопштил на премиерот дека не се гледа во неговиот кабинет, но дури во понеделникот и формално поднел оставка на позицијата.

Реконструкцијата на Владата е прва по седнувањето на Мицкоски во премиерската фотелја пред две години.

Миле А. Ристески