Институтот за јавно здравје

Во лабораториите на ИЈЗ се открива небезбедна храна

02.06.2026 17:34

Ако пред десетина години во ИЈЗ се проверувале од 20 до 25 илјади примероци храна, сега тој број е двојно намален. Храна се испитува и во други лаборатории, но контролите како да не се доволни. Лажното декларирање на млечните производи ја отвори пандорината кутија...

Мастите, протеините, шеќерот составот на производот напишан на декларацијата, не е ист со онаа што е содржана во продуктот, неретко вакви резултати добиваат во Институтот за јавно здравје по направените анализи на некоја храна. Во овој случај станува збор за фалсификат и измама на граѓаните.

Цената и брендот не се гаранција за безбедноста на производот, велат од Институтот за јавно здравје. Во храната наоѓаат микотоксини, пестициди, високи концентрации на конзерванси, бои, во овој случај последиците по здравјето се побрзи.

Небезбеден производ не смее да се консумира ни чаша, ни капка, а треба да се зголеми опфатот на контрола.

По добивањето на анализите одговорноста паѓа на Агенцијата за храна и ветеринарство, којашто користи услуги и на други лаборатории. Според АХВ лани биле уништени 459 тони небезбедна храна од домашен пазар. Што е речиси двојно повеќе од 2024 година.

Наташа Јанчиќ – Менковски