Сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд
Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
