Идризово

Ново судско рочиште за пожарот во „Пулс“

03.06.2026 08:11

Во големата судница во Идризово ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека. Обвинителството продолжува со изведување материјални докази. На последното судење, се изведуваа докази од Обвинителството кои се однесуваат на објектот, неговата сопственост и движењето на имотот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на дискотеката „Пулс“...

Во големата судница во Идризово ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека. Обвинителството продолжува со изведување материјални докази. На последното судење, се изведуваа докази од Обвинителството кои се однесуваат на објектот, неговата сопственост и движењето на имотот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на дискотеката „Пулс“. 

Случајот не може да се третира како обична несреќа, реагираа родителите по барањето на Шилегов за преквалификација на делото како „несреќен случај предизвикан од пиротехника“. Тоа е системско замижување. Пожарот можеби го запали искра, но системот му ја отвори вратата. 

Во текот на рочиштето одбраната на Митко Стојанов поднесе предлог за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерки на претпазливост образложувајќи дека тој повеќе од една година е без работа и без приходи и дека мора да работи за да го враќа хипотекарниот кредит. Доказната постапка продолжува и денеска.