ДКСК

ДКСК ќе ги презентира резултатите од кампањата за лобирање

03.06.2026 09:30

ДКСК, во соработка со ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава.

На прес-конференцијата ќе бидат претставени резултатите од дигиталната кампања за промоција на транспарентно и регулирано лобирање, како и клучните заклучоци од тркалезните маси одржани со претставници на институциите, локалната самоуправа, бизнис-секторот и граѓанските организации. На настанот е предвидено обраќање на претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.