Скопје

Вечерва започнува јубилејното 25. издание на Оффест

03.06.2026 09:52

Со вечерашното отворање, Скопје повторно добива фестивалска точка преку која светската музика не доаѓа како егзотична разгледница, туку како жива средба со различни традиции, сцени и современи музички приказни.

Со осум концерти во четири фестивалски вечери, вечерва започнува јубилејното 25. издание на ОФфест, кое ќе трае до 6 јуни и ќе донесе музичари од 12 земји на сцените во Скопје.

Фестивалот, кој низ годините изгради препознатлив идентитет преку светска музика, различни култури и силни концертни искуства, оваа година го отвора со вечер што не се потпира на класична фестивалска свеченост, туку на жива сцена, ритам и музички корени што доаѓаат од Африка.

Покровител на фестивалот е Министерството за култура и туризам, кое годинава го поддржа Оффест со 2,4 милиони денари. Со вечерашното отворање, Скопје повторно добива фестивалска точка преку која светската музика не доаѓа како егзотична разгледница, туку како жива средба со различни традиции, сцени и современи музички приказни.