Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
04.06.2026 08:16
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
