Трамп вели дека е можен договор викендов со иран
Трамп ја минимизираше идејата дека американските и иранските напади го тестираат кревкото примирје...

Претседателот на САД изјави дека преговорите со Иран одат многу добро и рече дека е може да се постигне договор во текот на викендот. Трамп ја минимизираше идејата дека американските и иранските напади го тестираат кревкото примирје.
За се има причина. И ги погодивме доста силно претходната ноќ, а всушност и синоќа. Но, некои луѓе би рекле дека биле малку испровоцирани затоа што презедовме силна акција од друга причина. Значи, тие возвраќаа. И навистина, самите преговори поминаа многу добро. Може да се случи, ако се случи, а можеби и да не се случи, којзнае. Но, ако се случи, тоа може да биде во текот на викендот.
Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека вооружените сили на земјата вршат напади во самоодбрана на локации кои САД можат да ги користат за напад врз цивилни бродови и за кршење на примирјето.
