САД

Нов напад на брод во Тихи Океан

04.06.2026 13:43

Американската војска нападна брод кој криумчарел дрога во источниот дел на Тихиот Океан. Двајца мажи се убиени...

Американската војска нападна брод кој криумчарел дрога во источниот дел на Тихиот Океан. Двајца мажи се убиени. Администрацијата на Трамп води кампања против наводните трговци со дрога во Латинска Америка. Во нападите на Американската војска досега загинаа најмалку 207 луѓе.

Како и со повеќето изјави на војската за нападите во источниот дел на Тихиот Океан и Карипското Море, Јужната команда на САД соопшти дека ги таргетирала наводните трговци со дрога по познатите рути.