Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина
Украинските сили соопштија дека во ноќта помеѓу втори и трети јуни извршиле напад врз еден од најмодерните бродови на руската флота, во близина на Санкт Петербург.

Војната во Украина продолжува. Жртви и повредени во напади на Крим. Руски дрон погоди индустриски објект во близина на Киев. Украинските сили соопштија дека во ноќта помеѓу втори и трети јуни извршиле напад врз еден од најмодерните бродови на руската флота, во близина на Санкт Петербург.
Нападот бил дел од поширока операција во која бил погоден и нафтен терминал во регионот. Москва обвини за терористички чин, Киев верува дека зголемените напади ги прават изедначени во преговорите. Зеленски вели дека секоја држава мора да придонесе за запирање на руската агресија и постојаните обиди на Москва за дестабилизација.
Американскиот државен секретар Рубио оцени дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени да прават отстапки во разговорите за завршување на војната.
