СРБИЈА

БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Тиват од безбедносни причини

04.06.2026 15:42

Од БИА велат дека имаат сознанија оти водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер се наоѓа во Црна Гора.

Српската Безбедносно-информативна агенција го советуваше претседателот Александар Вучиќ да не патува во Тиват на самитот ЕУ-Западен Балкан, од безбедносни причини.

Од БИА велат дека имаат сознанија оти водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер се наоѓа во Црна Гора.

Регионалните медиуми објавија дека, црногорските власти вчера не им дозволија на речиси 90 српски државјани да влезат во земјата и по неколкучасовно задржување на аеродромот во Тиват, ги вратија назад во Белград.

Од Министерството за надворешни работи на Црна Гора објавија дека во пресрет на самитот во Тиват, прават сè за да обезбедат успешно и достоинствено одржување на овој важен меѓународен настан. Најавено е дека самитот ќе го обезбедуваат над 1.500 полицајци.