Венизелос: Грција не отстапува од „ерга омнес“

22.09.2014 12:05

Грција не отстапува од формулата „ерга омнес“, односно име за внатрешна и надворешна употреба за нашата држава. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, при вчерашната средба на министерот за надворешни Евангелос Венизелос со Бан Ки Мун во Њујорк му бил пренесен грчкиот став за сложено име со географска одредница.

„Нашиот став е многу јасен. Националната позиција е во корист на сложено име со географска одредница, но над се, за внатрешна и надворешна употреба, ерга омнес“, изјавил Венизелос по средбата.

Тој потесетил дека грција и натаму е „подготвена да учествува во наредните состаноци со медијаторот Нимиц“. Сепак, Венизелос не пропуштил да посочи дека „очекува другата страна да покаже волја за решение“.