ИТАЛИЈА

Мелони со осуда за бруталното убиство на четворица мигранти запалени живи во кола во село во Калабрија

04.06.2026 13:31

Според италијанските медиуми, четворица странски, земјоделски работници од Авганистан и Пакистан на возраст од 19 до 30 години, биле изгорени живи во автомобил...

Италијанската премиерка Мелони со осуда за бруталното убиство на четворица мигранти запалени живи во кола во село во покраината Калабрија. Според италијанските медиуми, четворица странски, земјоделски работници од Авганистан и Пакистан на возраст од 19 до 30 години, биле изгорени живи во автомобил.Единствениот преживеан, Авганистанец кој избегал кршејќи го прозорецот, е клучен сведок во истрагата фокусирана на конфликти околу земјоделски работни места.

Полицијата уапси двајца осомничени Пакистанци кои од 20 април биле посредници и ги носеле жртвите на берба на јагоди, но не им исплаќале редовна плата и им наплаќале за сите.