Култура

Национална стратегија за развој на туризмот

04.06.2026 16:03

Во Скопје денеска се одржа првата јавна расправа за нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на туризмот, што го опфаќа периодот од 2027 до 2032 година.

Во време на дигитализација и брзи глобални промени, не смееме да останеме пасивни набљудувачи, потребен е храбар стратешки долгорочен пристап. Ова го истакна министерот Љутков на првата јавна дебата за Националната стратегија за развој на туризмот 2027-2032 година. Целта е Македонија да се трансформира во препознатлива и конкурентна туристичка дестинација во регионот и пошироко. Како земја со огромен, но сè уште недоволно искористен потенцијал, ќе се развива езерскиот, планинскиот, руралниот и винскиот туризам. Според ресорниот министер, стратегијата се изработува според најсовремени европски практики и методологии, со учество на домашни и меѓународни експерти.

Според ресорниот министер, овој документ нема да остане на полица, ќе биде оперативна и функционална стратегија која ќе донесе вистински резултати.

Развојот на туризмот не е само економска категорија, туку е двигател на развојот на државата, создава нови работни места, поттикнува инвестиции и го промовира меѓународниот имиџ на Македонија.

 

Александра Спировска