Политика

За месецов најавена владина реконструкција

04.06.2026 17:27

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека во втората половина на јуни ќе седне со владините партнери за да разговара за натамошните чекори во однос на работата на Владата...

По најавената владина реконструкција до крајот на месецов се очекува да се разговара за можна промена на ресори и имиња, според копретседателот на ВРЕДИ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити. Вели, дека се договорени со владините партнерите во Владата за реконструкција. Се поизвесно е дека вицепремиер задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе биде именуван за специјален претставник на Владата во Брисел. Според Меџити, Фетаи поднел оставка од функцијата вицепремиер за да може да го преземе новиот ангажман, кој ќе биде насочен кон претставување на владините позиции во европските институции.

Од ЗНАМ не очекуваат никави измени, бидејќи како што велат, направена е евалуација на работата на сите функционери од оваа партија и раководството е задоволно според портпаролот на ЗНАМ, Мемов. Присуството на ЗНАМ во Владата не зависи од персоналниот состав на луѓето кои се претставници на извршната власт, туку од имплементацијата на државните програми во кои учествува и оваа партија, додава тој.

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека во втората половина на јуни ќе седне со владините партнери за да разговара за натамошните чекори во однос на работата на Владата.

 

Александра Велинова