Муцунски: Услови за уставни измени можат да се создадат ако се изгради меѓусебна доверба со Софија
Услови за уставни измени нема, но можат да се создадат ако се изгради меѓусебна доверба со Софија – владата и натаму инсистира на гаранции дека ќе нема нови блокади. По посетата на Кошта и извештајот на Вајц, опозицијата коментира – пораките од Брисел се јасни.

Македонската влада останува на цврстата позиција и по посетата на претседателот на Европскиот совет, Антионио Кошта – во моментов, не се создадени услови за уставни измени. Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски објаснува дека само со градење меѓусебна доверба со Софија и добивање институционални гаранции, условите за менување на Уставот може да созреат.
Муцунски е задоволен што првиот човек на Европскиот совет ја потврди посветеноста на спроведувањето на потребните реформи. Согласен е со дел од наводите од последниот Нацрт-извештај за Македонија, разгледуван во Еврпскиот парламент, со кои се бара поголем напредок во судските реформи, владеењето на правото и борбата против корупцијата и се нотира дека досега направеното, не е доволно.
Во последниот Нацрт-извештај на европскиот парламент што се однесува на прериодот до декември лани, европратениците ја потврдија својата поддршка за европската интеграција на земјава, нагласувајќи дека напредокот во пристапните преговори директно зависи од суштински и длабоки реформи, но клучен предуслов остануваат уставните измени. Опозицијата коментира – пораките од Брисел се јасни - уставните измени се единствениот услов, владата затајува со реформите..
Од СДСМ критикуваат и за нотираните недостатоци во последниот европски нацрт извештај за македонија.
Марија Котовска
