Џахадистите подготвуваат одмазда!
Преку интернет порака на повеќе јазици, џихадистите повикаа на одмазда. Таа следи по низата воздушни напади изведени од САД и Франција врз териториите на кои се наоѓаат борците на ИДИЛ во Ирак...

„Ако можете да го убиете неверникот американецот или европеецот, особено французинот, австралијанецот или пак кананѓанецот , вклучувајќи ги и државјаните на земјите кои влегоа во коалиција против Исламската држава, тогаш потпрете се на Алах и убијте ги“, порака од лидерот на Исламска држава, Абу Мухамед ел Аднани.
Преку интернет порака на повеќе јазици, џихадистите повикаа на одмазда. Таа следи по низата воздушни напади изведени од САД и Франција врз териториите на кои се наоѓаат борците на ИДИЛ во Ирак. Слични удари се планираат и во Сирија, додека пак Исламска држава ги охрабрува своите борци на Синајскиот полуостров да ги зголемат нападите против египетските безбедносни сили и да ги направат несигурни.
Во меѓувреме Турција почна да затвора дел од граничните премини кон Сирија откако над 100 илјади курдски бегалци влегоа во земјата од петокот. Повеќето се од градот Кобане, каде им се закануваше опасност да бидат масакрирани во налетот на ИДИЛ. Анкара се бори да се справи со приливот, а бегалците се сместуваат во преполни училишта.
„Не можам да разберам зошто на светот не му е грижа што им се случува на овие луѓе“ вели Шакир Тургул, жител на Суруч.
Од почетокот на сириската граѓанска војна, Турција прими околу 850 илјади бегалци. И додека границите се затвораат работничката партија на Курдистан ги повика Курдите во Турција да се вклучат во борбите против џихадот во Сирија. И претходно биле испраќани вакви соопштенија , но во случајов се повикува на брза мобилизација.
Маријана Димовска
