Хрватска
Четири лица загинаа при пад на мал авион во Хрватска
04.06.2026 15:13
Хрватската полиција ја добила пријавата за урнатиот авионот денеска претпладне, по што сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот...

Четири лица загинаа по пад на мал авион во близина на спортскиот аеродром во Медулин. Хрватската полиција ја добила пријавата за урнатиот авионот денеска претпладне, по што сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот.
Директорката на Заводот за итна медицинска помош, потврди дека на местото на настанот е констатирана смрт кај четири лица.
Според првичните информации, станува збор за германски авион кој полетал од Австрија, а сите настрадани се странски државјани.
