Законот за правична застапеност ќе се носи со мал Бадентер
Балансерот во историја, законот за фер и правична застапеност во собрание. Ќе се турка со „мал Бадентер“, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од немнозинските заедници. Според решението, предност при вработувањата ќе бидат квалификациите и стручноста, а припадноста на заедница ќе биде секундарен критериум ако кандидатите имаат исти компетенции.

Законот за соодветна и правична застапеност да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници, одлучи Комитетот за односи меѓу заедниците. Пратениците од „Вреди“ посочија дека станува збор за историски чекор, се пополнува институционалниот вакуум по укинувањето на балансерот од страна на Уставниот суд.
Пратениците од Европскиот фронт сметаат дека законот треба да се носи со голем Бадентер. Укажаа дека правичната и соодветната застапеност се столбот на Охридскиот рамковен договор и на Уставот. Според нив во законското решение не се предвидени квоти ниту, пак, како ќе се контролира дали правичната застапеност се почитува,
Основната цел на Предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна и применлива правна рамка за остварување на едно од темелните начела на уставниот поредок на земјата – соодветната и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции.
Марина Стојанова – Тонева
