Антикорупциска отвори предмет по ревизорскиот извештај за ИЈЗ
Од комисијата велат дека ќе бидат преземени сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции со цел утврдување на фактичката состојба.

Државната комисија за спречување на корупција отвор предмет под сопствена иницијатива за наводите во ревизорскиот извештај на Институтот за јавно здравје. Ќе ги проверува можните неправилности, злоупотреба на службената положба, судир на интереси и коруптивни ризици во работењето на институцијата на екс раководството на институцијата.
Од комисијата велат дека ќе бидат преземени сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции со цел утврдување на фактичката состојба.
Во извештајот на Државниот завод за ревизија меѓу другото се наведува дека во ИЈЗ постоел несоодветен начин на наградување на вработените, како и набавка на непотребна медицинска опрема, била купувана опрема која веќе ја поседувале, наместо онаа што навистина недостигало
