Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло

05.06.2026 08:21

Денеска променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло во поголемиот дел од земјата. Во текот на денот, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло во поголемиот дел од земјата. Во текот на денот, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 24 и 32 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.