Судско рочиште за поранешниот директор на комунална хигиена
Обвинет е дека во текот на октомври 2025 спречил навремено собирање на сметот, додека главниот град тонеше во отпад...

Денеска судско рочиште и за поранешниот директор на комунална хигиена Сабахудин Рустеми. Обвинет е дека во текот на октомври 2025 спречил навремено собирање на сметот, додека главниот град тонеше во отпад. Обвинителството гледа вина и кај управителот за отпад во претпријатието, Аки Саити, па и двајцата ги гони за загрозување на животната средина. Рустеми и Саити, според обвинителството со умисла не ги спроведувале плановите за управување со комуналниот отпад, дополнително, и не се грижеле за исправноста на опремата и уредите за собирање на сметот.
Така, двајцата обвинети овозможиле да се создадат депонии на јавни и сообраќајни површини.
