Рочиште за 13 полицајци во случајот „Пулс“
Во Кривичен суд денеска ново рочиште за 13-те полициски службеници кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со несреќата во кочанската дискотека „Пулс“...

Во основниот Кривичен суд денеска ново рочиште за 13-те полициски службеници кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со несреќата во кочанската дискотека „Пулс“ на претходното рочиште обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Обвинителството пак, оцени дека токму нивните пропусти во постапувањето придонеле за трагичните последици и ја отвори темата за одговорноста според обвинението, во периодот од 14 до 16 март 2025 година, постапките на обвинетите биле меѓусебно поврзани и довеле до сериозни последици по животот и здравјето на граѓаните.
Обвинителството тврди дека дел од обвинетите изготвиле нецелосен акциски план без соодветна процена на ризик, додека раководните лица не го одобриле навреме.покрај тоа, полицајците кои биле во „Пулс“ не презеле мерки за спречување на употребата на пиротехника, иако можеле да ја забележат.
