Македонски манифест со реакција до новиот американски амбасадор

22.09.2014 13:21

Македонскиот манифест реагира со отворено писмо на ставовите изнесени од новиот американски амбасадор Џес Бејли на сослушувањето во сенатот.

Македонскиот манифест реагира со отворено писмо на ставовите изнесени од новиот американски амбасадор Џес Бејли на сослушувањето во сенатот.

Вчудовидени сме од вашите погледи и ставови, велите дека „во Македонија живеат Словени, Албанци и други етнички групи, Роми, Турци и други. Во вашиот стокмен говор за пригодното обраќање сте поизмазнети, велите „Албанско и Македонско население“, но никаде не се изјаснувате со поимите „Македонец“ и „Македонци“, во смисла на нивната идентитетска ознака, која постои во континуитет од антиката до денес, се вели во реакцијата на Македонскиот манифест.