Собрание

Јавна расправа за законите за дигитална трансформација

05.06.2026 09:14

Денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“...

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“.

На Јавната расправа ќе се дебатира за Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на законот за архивски материјал и архивска дејност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Целта на јавната расправа, како што се посочува во најавата, е поканетите да ги искажат своите коментари и можни предлози до Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, а во врска со темата на јавната расправа.