Зеленски предлага средба со Путин
Зеленски нагласи дека Украина е подготвена целосно да ги запре непријателствата за да го започне дипломатскиот процес и дека САД би можеле да го следат прекинот на огнот...

Украинскиот претседател му испрати писмо на Путин во кое предлага прекин на огнот по линијата на фронтот и лична средба. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена целосно да ги запре непријателствата за да го започне дипломатскиот процес и дека САД би можеле да го следат прекинот на огнот. Претседателот Трамп рече дека е среќен што се разговара за средба и потенцираше дека Киев и Москва треба да го сторат тоа. Претставничкиот дом го усвои законот за помош на Украина и воведување нови санкции врз Русија.
„Мислам дека имавме многу врска со тоа. Знам точно што прават, но би било одлично ако мислат дека треба да го завршат тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Шефот на Кремљ побара Европа да запре со обвинувања и ако сака да соработува да го остави настрана колонијалниот пристап и да разговараат со Русија како со рамноправен партнер. Негираше борбена употреба на ракетата Орешник“ против Украина.
