БЛИСКИ ИСТОК

Трамп сака да се сретне со врховниот лидер Хамнеи

05.06.2026 10:20

Претседателот на САД повтори дека е сигурен оти неговата администрација е на добар пат успешно да го заврши конфликтот...

Шефот на Белата куќа вели дека би му било чест да се сретне со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор за прекин на конфликтот. Претседателот на САД повтори дека е сигурен оти неговата администрација е на добар пат успешно да го заврши конфликтот.

„Главниот дел од договорот е дека не може да има нуклеарно оружје, теснецот ќе се отвори веднаш. Мислам дека се справуваме многу добро, но ќе видиме. Ќе победиме на еден или друг начин. Ќе победиме на хартија или ќе победиме воено. На еден или друг начин. Ќе биде воено или на хартија“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Помина една недела откако американските и иранските преговарачи постигнаа прелиминарен договор за продолжување на прекинот на огнот во конфликтот за 60 дена и почнување нова рунда разговори за нуклеарната програма на Иран. Серијата напади во Персискиот залив неделава предизвикаа нови загрижености дека прекинот на огнот би можел да пропадне.