ОН

Македонија избрана во Економско-социјалниот совет на ОН

05.06.2026 08:43

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027 – 2029 година, на гласањето што се одржа во седиштето на ОН во Њујорк...

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027 – 2029 година, на гласањето што се одржа во седиштето на ОН во Њујорк, кандидатурата на Македонија доби поддршка од 174 држави членки станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела на системот на Обединетите нации.

Станува збор за еден од шесте главни органи кој има централна улога во координацијата на економските, социјалните и развојните политики во рамките на системот на ОН.

Членството ќе овозможи поактивно учество на државата во глобалните дебати и процеси поврзани со економскиот, одржливиот развој, хуманитарните прашања и човековите права, како и дополнително зајакнување на нејзината меѓународна видливост и кредибилитет.