Куба

САД воведоа санкции против кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел

05.06.2026 11:42

Хавана ја осуди одлуката како нов обид за дополнително заострување на американската блокада и создавање атмосфера на конфронтација...

САД воведоа санкции против кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, неговата сопруга и повеќе државни функционери. Хавана ја осуди одлуката како нов обид за дополнително заострување на американската блокада и создавање атмосфера на конфронтација. Односите меѓу САД и Куба се влошија по американските мерки преземени во последните месеци со забраната з извоз на енергенси на островот, како дел од пошироката стратегија за зголемување на притисокот врз комунистичкото раководство.

Покрај тоа, американските власти неодамна го обвинија Раул Кастро за одговорност во врска со инцидентот од 1996 година, кога кубански воени авиони соборија летала управувани од група кубански емигранти.