АЛБАНИЈА

Продолжија протестите во Албанија против изградбата на луксузно одморалиште од зетот на Доналд Трамп

05.06.2026 12:53

Одморалиштето е планирано да се протега на неколку хектари од заштитениот крајбрежен пејзаж Вјоса-Нарта во Звернец и на ненаселениот јадрански остров Сазан...

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Тирана против проектот, за кој се очекува да чини околу четири милијарди американски долари. Одморалиштето е планирано да се протега на неколку хектари од заштитениот крајбрежен пејзаж Вјоса-Нарта во Звернец и на ненаселениот јадрански остров Сазан.

Проектот доби поддршка од албанската влада и покрај тоа што еколошките невладини организации изразија загриженост дека изградбата може да го загрози биодиверзитетот во регионот и да ги наруши рутите за миграција на птиците.