МНР протестира поради изјавата на новиот амбасадор на САД

22.09.2014 13:26

Денеска во Министерството за надворешни работи беше повикан заменик амбасадорот на САД во Република Македонија при што беше изразена загриженост поради несоодветното именување на македонското мнозинско население во земјава, како „Словени“ од страна на новонаименуваниот  американски амбасадор Џес Линпинкот Бејли во Комитетот за надворешни односи на Американскиот Сенат, при неговиот распит оддржан на 17-ти септември 2014-та година.

МНР му предочило  на вториот функционер во амбасадата дека ваквото именување го доведува во прашање идентитетот и ги повредува чувствата на македонскиот народ.

Истовремено, несоодветното ословување на македонскиот народ би можело да има негативни импликации врз надворешен и внатрешно-политичкиот план.