Самит ЕУ- Западен Балкан во Тиват
Македонската делегација во Тиват ја предводи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Теми во фокусот – напредокот на земјите кандидати, економската интеграција на регионот со европскиот пазар, безбедносните предизвици и геополитичките случувања што влијаат врз Европа.

Тиват домаќин на Самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој учествуваат лидерите на Европската унија и на шесте земји од регионот, во обид да се даде нов поттик на процесот на европска интеграција и на соработката меѓу Брисел и Западен Балкан.
Самитот доаѓа непосредно по балканската турнеја на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Теми во фокусот – напредокот на земјите кандидати, економската интеграција на регионот со европскиот пазар, безбедносните предизвици и геополитичките случувања што влијаат врз Европа.
Во пресрет на самитот, Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Југоисточна Европа и Молдавија и поедноставување на процесот на преговори, кој би продолжил да се базира на заслуги.
Македонската делегација во Тиват ја предводи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
