Евроинтеграции

Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција во Струга

05.06.2026 13:13

Струга е домаќин на 23-тата Конференција на КОСАП. Учествуваат претставници од парламентите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Србија, а во фокусот се регионалната соработка, енергетската и инфраструктурната поврзаност и патот кон Европската унија.

Додека европската иднина на регионот повторно е во фокусот на Брисел, дел од тие разговори денеска се водат и во Струга. Градот е домаќин на 23-тата Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција од земјите учеснички во Процесот на стабилизација и асоцијација.

На едно место се собраа претставници од парламентите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Србија, а во фокусот се регионалната соработка, енергетската и инфраструктурната поврзаност и патот кон Европската унија.

Соња Рилковска известува од Струга.