Прилеп

Почнува јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“

05.06.2026 17:28

Во Прилеп вечерва почнува јубилејниот 60-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот најавува богата програма под слоганот „Храбриот нов театар“...

Со доделувањето на наградите за животно дело и со првата претстава во конкуренција, „Мачкина глава“ на Драмски театар, фестивалот вечерва во Прилеп ќе го отвори своето јубилејно 60-то издание.

Фестивалот ќе ја отвори патеката на времепловот од своите почетоци во далечната 1965 година до денес.

Публиката останува значаен чинител без кој не може да опстои театарската уметност, а Фестивалот е духовен и културен печат на градот и на државата.

Во седум дена Македонскиот театарски фестивал ќе понуди богата и разновидна програма.

Елизабета Митреска