Економија

Потребен кадар за реалните потреби на стопанството

05.06.2026 13:22

Како високото образование да одговори на потребите на современата економија и дали е време универзитетите и бизнис секторот да станат вистински партнери?...

Додека компаниите сè почесто алармираат дека не можат да најдат соодветен кадар, а илјадници млади дипломираат секоја година, останува прашањето – дали дипломата сама по себе е доволна? Како високото образование да одговори на потребите на современата економија и дали е време универзитетите и бизнис секторот да станат вистински партнери? На конференцијата во организација на Стопанската комора на Македонија се отвори дебатата за новата улога на универзитетите, потребата од практични вештини и начинот на кој образованието може да создава компетенции што ќе значат поголема конкурентност и подобри можности за младите на пазарот на трудот.

Александра Велинова известува.